В недела започнува Балканскиот фестивал на песни и игри

В недела (6 јули) со почеток во 21:00 часот на сцената на Долни Сарај со настап на Националниот ансамбл за песни и игри на Македонија „Танец“ свечено ќе започне Балканскиот фестивал на народни песни и игри кој ќе трае до 11 јули.

Balkanski_festival_ohrid_2014

По настапот на „Танец“ следува настапот на ансамблот “Неврокопски” од Гоце Делчев– Бугарија.

Програмата продолжува в понеделник (7 јули) кога настапуваат:

-Ансамбл “Петар Зрински” Видовец – ХРВАТСКА
– МКУД “Александар Македонски III” од Мелбурн , АВСТРАЛИЈА
– МКУД “Илинден” од Мелбурн, АВСТРАЛИЈА
-Андамбл “Хора Ашкелон” Тел Авив – Израел

You May Also Like