Влатко Лозаноски- Лозано со нова песна, спот и во нова продукциска куќа

Влатко Лозаноски- Лозано по едногодишна пауза се враќа на македонската музичка сцена со песна во забавен реге – ритам, спот снимен на неколку локации во Охрид и поддршка од продукциската куќа „План Б“.

„Нема ден, нема ноќ да не мислам на тебе кога лето доаѓа, те сакам ти признавам“ се стиховите од рефренот на новото дело што Лазар Цветкоски го направи за Лозано. Текстот е на Милан Миланов, а режисерот Даниел Јовески и „Сустејн продукција“ изминативе денови на неколку локации во Охрид, меѓу кои е луксузната вила „Александар“ и плажата „Куба Либре“ ја снимаа интересната видео приказна за песната.

Новата продукциска куќа на Влатко – „План Б“ отсега ќе биде одговорна за сите негови музички активности кои следуваат. Најновиот сингл „Нема ден нема ноќ“ утре, среда ќе биде пуштен во радио етерот, а истиот ден во рамките на естрадниот магазин „Бекстејџ“ премиерно ќе биде емитуван и новиот видео запис.

You May Also Like