Вечери на женски права во Кинотека

Од денеска (6 март) до 8-ми март во Кинотека на Македонија, по петти пат се одржуваат „Вечерите на женски права”.

Veceri na zenski prava

Во текот на трите дена ќе бидат прикажани три документарни филмови од новата светска и регионална продукција, кои ќе бидат проследени со дебати, а предивидени се и придружни настани.

„Вечерите на Женски права” ќе започната со проекција на американскиот документарен филм „Се роди женско” (It’s a girl), по што следуваше дискусија на тема „Кога женско се раѓа и стреите плачат”. Проекцијата е закажана за 20:00 часот.

Во петок (07 март) во 20:00 часот ќе биде прикажана проекција на автралискиот документарен филм „Јас сум девојка” (I’m a girl), по што ќе следува дискусија на тема „Колку ги остварувам моите соништа”.

На последната вечер во 20:00 часот ќе биде прикажана проекција на документарниот филм „Животот не е хавајска песна” (Nije ti zivot pjesma Havaja), а „Вечерите на Женски права” ќе бидат затворени со дискусија на тема “Семејни односи и проекции за иднината”.

Настанот се организира под покровителство на Градот Скопје, во соработка со UN Women, Кинотеката на Македонија, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Институтуот за родови студии при УКИМ, а како партнери се јавуваат и Еквирас асоцијација за еднаквост и права и студентското списание Излез.

You May Also Like