(Видео) Tonyo San со спот за песната „Драма“

Пред точно една недела на youtube беше поставен новиот видео запис на Tonyo San и досега е погледнат над 35 000 пати. Реакциите на публиката во најголема мера се позитивни. Спотот е своевидна најава за промоцијата на новиот албум, која е закажана за 10-тина дена.

Еве што Tonyo San вели за песната и спотот на својата официјална фејсбук страница:

„Спотот раскажува една метафорична приказна, за борба на човекот со внатрешниот демон. Според Јапонскиот фолклор, литература и митологија, на самураите кои постигнале извесно ниво им се појавува ТЕНГУ (демонски дух) кој е искушение за воинот. Тенгу-то има човечки облик но носи црвена маска со долг нос, не се знае што има под неа, дали е тоа демон, дух, човек… Идејата за спотот е дојдена сосем природно, со оглед на тоа дека снимам 12 години хип хоп со самурајски ментален склоп, тренирајки 4 години кендо, а којзнае, можеби е и вистинита приказна. 🙂

Што се однесува до песната, таа е еден вид постмодернистистичка, колаж од сите песни во албумот и мои препознатливи стихови, како реклама на албумот, не насочена ни лево ни десно, едноставно- “go with a flow”, и ќе им треба на луѓето малку длабочина за да се внесат во неа, зошто има апстрактна доза, а апстракцијата е малку тешка за препознавање на вредностите ако слушателот има интелектуално ограницување. Цел спот е метафоричен, симболички е прикажана борбата на еден воен поет, во една класична приказна која беше навистина тешка да се реализира во 4 минути, но на крај борбата се исплатеше, а мисијата комплетирана. Поздрав.“

You May Also Like