Во организација на Центарот за културен проток “Артерија” денеска (петок, 13 јуни 2014 година) во Галеријата и музеј “Робевци” – Охрид, ќе биде отворена изложба на слики “Приказни од мојата планета” од Викторија Георгиева, со почеток во 20:00 часот.
“Приказни од мојата планета е трета самостојна изложба на Викторија Георгиева ака MOUSE која вклучува шеснаесет дела кои се создадени во последните две години, додека живее во Шпанија и Бугарија. Нејзините слики се полни со фантазии и соништа, со свет населен со чудни суштества и други пејсажи. Шеснаесетте платна се шеснаесет приватни фантазии . “Свежина на идеи и желба да се слика, нешто многу важно во создавање на фантазиите , свет полн со слики како во приказните на Луис Керол Алиса во земјата на чудата “- дел од критиката
Во моментов Викторија Георгиева живее во Варна, Бугарија, каде што има уметничка работилница за деца “Азбука на имагинацијата”. Ова лето може да се видат некои од нејзините инсталации, цртежи и улична уметност на неколку настани: Меѓународен арт фестивал ¨ процес простор ¨, International Art Festival ¨Process Space¨, Balchik, Bulgaria; Water Tower Art Festival, Sofia,Bulgaria;Exhibition in Trap Gallery,Plovdiv ,Bulgaria; Park Art Stage, Sofia,Bulgaria; Red Bull Canvas Cooler live painting on Sofia Design Week in Plovdiv,Bulgaria.”
Добитник е на 1st Place Painting 7 th National Exhibit Contest Awards Nacho Culture, Gallery “The Red Pony”, во Пловдив Бугарија.
Изложбата ќе трае 2 недели.