Скопската Зоолошка со многу принови во 2013-та

Скопската Зоолошка градина се збогати со неколку нови жители. Овој месец се роди едно кенгурче од видот црвеношиест валаби и еден прстеноопашест лемур, а покрај нив и две јагниња.

Во месец февруари исто така на свет дојдоа пет јариња и две берберски јагниња. Годината се започна со една лама, мајмун павијан и еден мајмун од видот патас, кои се родија во месец јануари.

You May Also Like