Битолскиот „Мал драмски театар“ на Експонто

Синоќа (сабота, 15 септември, 2012 година) на фестивалот „Експонто“ во Љубљана, битолските актери ја изведоа претставата  „Жени без маж и ништо повеќе“ од Федерико Гарсија Лорка во режија на Софија Ристевска, што претставува сегмент од делото „Домот на Бернарда Алба“.

Во претставата настапуваат Јоана Поповска, Иване Јерчиќ, Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Борче Ѓаковски, Никола Пројчевски, Петар Спировски, Александар Стефановски и Здравко Стојмиров.

„Експонто“ беше отворен завчера со настапот на театарот „Вера Комисаржевскаја“ од Санкт Петерсбург од Русија. До крајот на фестивалот ќе гостуваат театри и театарски групи од Хрватска, Португалија, Србија, Косово, Франција, Шведска, Црна Гора и домаќинот Словенија.

You May Also Like