Изложба за Скопскиот земјотрес во МГС

Изложбата по повод 50 години од земјотресот во Скопје: „Недовршени модернизации:помеѓу утопијата и прагматизмот“, ќе биде отворена денеска (понеделник ,10 јуни, 2013) во Музејот на град Скопје со почеток во 20:30 часот.

Изложбата „Недовршени модернизации: помеѓу утопијата и прагматизмот“ е големото финале на двегодишниот истоимен проект, реализиран од страна на Здружението на хрватските архитекти од Загреб; „Орис“ куќа на архитектурата од Загреб, Музејот за архитектура и дизајн од Љубљана, Уметничката галерија од Марибор, Здружението на архитектите на Белград од Белград и „Коалицијата за одржлив развој“ – КОР од Скопје.

Проектот, реализиран во рамките на европската програма Култура 2007-2013, претставува иницијатива за долгорочна истражувачка платформа за архитектурата и урбаното планирање на просторите на поранешна Југославија, создавани во периодот од почетокот на заедничката социјалистичка држава до денес, гледано низ призмата на еден поширок социјален, политички и културен контекст.

You May Also Like