Акција за невработените во Општина Центар

Центарот за вработување на Град Скопје во соработка со Општина Центар, во понеделник, (11 февруари, 2013) со почеток во 17:00 часот, во просториите на Општина Центар, сала на Совет (барака број 6), ги канат сите невработени жители на Општина Центар, кои сакаат да отпочнат со некоја работа да присуствуваат на информативната средба.

На истата ќе бидат поканети и работодавачи, фирми кои сакаат да се вклучат во активните мерки на Владата на РМ за вработување и ублажување на невработеноста.

Ќе се презентираат можностите за добивање на парични средства – субвенции за невработените и обуки потребни за отпочнување со некоја економска активност како и други мерки наменети за поддршка на вработувањето.
Исто така, на средбата ќе се дадат одговори на сите прашања поставени до службениците од Центарот за вработување на Град Скопје. Влезот е слободен за сите заинтересирани жители и фирми на територија на Општина Центар.

You May Also Like