На првиот Интернационален фестивал на монодрамата, пантомимата и кабарето “Златни Рис” во Бања Лука (Република Српска), македонскиот актер Трајче Ѓорѓиев ја освои наградата “Најбољи Покрет” (Најдобро сценско движење) од стручното жири, за неговата претстава – пантомима, “Човекот”.
Манифестација се одржа на 15-ти февруари во мултимедијалната сала „Дом на млади“. Жирито во состав: д-р Милош Шолаја (универзитетски професор), Радован Ковачевиќ (новинар), Миладин Бериќ (драмски писател, сaтиричар, поет), како и публиката присутна на самата претстава (која гласаше само за главната награда).
Доделени се следните награди:
1 – Главна награда, “ЗЛАТНИ РИС – СРПСКЕ”:
Себастиан Саез, Аргентина
2 – Награда “НАЈБОЉИ ПОКРЕТ”:
Трајче Ѓорѓиев, Македонија
3 – Награда “НАЈБОЉИ УТИСАК”:
Мирослав Ѓорѓевиќ, Србија