Утре (вторник, 30 август 2011 година), во 13:00 часот, на платото пред Манастирот „Св.Андреа“, во срцето на Кањонот Матка, ќе се одржи традиционалното поетско матине, со литерати-учесници на Струшките вечери на поезијата 2011.
Поетското Матине ќе се одржува во рамките на 50-то јубилејно издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата, домаќин е Градот Скопје, а покровител е градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
На традиционалната поетска средба во Матка годинава ќе присуствуваат Претседателон на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и Директорот на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, Данило Коцевски. Како и претходните години, така и годинава, завршниот настан на СВП 2011 со своите творби ќе го збогатат десеттина македонски поети и 36 поети од различни земји од Светот, а на Поетското матине ќе присуствуваат и Матеја Матевски, добитник на „Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2011 година“ и Веле Смилевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“.