19 Aвгуст – Светски ден на хуманоста

Секоја година на 19 август насекаде низ светот се прославува Светскиот ден на хуманоста. Ова е ден кога секој може да помогне секому.

Секој ден насекаде околу нас гледаме потресни слики и слушаме потресни приказни за страдање насекаде околу нас – во нашите населби, градови, во целиот свет. Но, исто така наидуваме на добрина, хуманост, големи и мали дела. Светскиот ден на хуманоста е ден за глобална прослава преку акција на луѓе кои им помагаат на други луѓе. Традиционално и оваа година
Македонските невладини организации (Суна, Арт Лајф, Банка за храна Македонија и Уметност на живеење Македонија), организираат хуманитарна акција за собирање храна, облека, покуќнина, школски прибор,за социјално загрозени и гладни семејства.

Хуманите луѓе своите донаци ќе можат да ги донираат на пунктот кој ќе биде отворен за оваа намена, на влезот од Универзалната сала во деновите:

18.08.2012 сабота  од 12-13 часот и
19.08.2012 недела од 9-10 часот.

Направите нешто убаво!!!

Помогни некому,
Приготви храна за некое бездомно или гладно лице,
Биди општествено корисен,
Направи добро дело,
Посети некоја возрасна и изнемоштена личност,
Посети болен човек,
Волонтирај,
Подари нешто што не го користиш,
Поттикни некој да направи добро дело,
Исчисти го локалниот парк од отпадоци!

Својата сторија можеш да ја споделиш на:
http://www.youtube.com/watch?list=PL19FB96B04FC62AA2&v=yPPBKyIceWY&feature=player_embedded

You May Also Like