„Ватикан њуз“ го воведе и македонскиот јазик во употреба

На месец дена пред официјалната посета на папата Франциск на Македонија, закажана за 7 мај, „Ватикан њуз“ го додаде македонскиот јазик на својата веб-страница како 34-ти јазик на овој портал.

Македонците на овој сајт ќе можат да најдат вести за папата Франциск, за Ватикан и за католичката црквa ширум светот на нивниот македонски јазик, објави сајтот.

Порталот наведува дека во Македонија живеат околу 20 илјади католици. Во новиот сајт на македонски јазик на порталот ќе работат четворица Македонци, а ќе се грижи за пораките на папата, благодарение на договорот меѓу Одделот за комуникации (Vatican
Dicastery for Communikation) и локалнaтa црква.

Македонскиот јазик веќе беше присутен на веб-сајтот на Ватиканското радио, пред да премине во порталот „Ватикан њуз“.

You May Also Like