Дечињата од градинката „Срничка“ во веќе поставените пластеници ги засадија првите расади на јагоди (fragaria ananassa), кои цветаат и зреат во текот на цела пролет, лето и есен.
Заедно со воспитниот кадар на градинката децата присуствуваа во подготовката на земјата за садење, посипуваа ѓубриво и го садеа расадот, а ќе бидат вклучени и во секојдневните активности за наводнување на насаденото овошје, плевење и други активности во процесот на одгледување.
Целта на оваа активност е дечињата уште од најрана возраст да научат што е здрава и разновидна храна, така што директно ќе се запознаат со процесот на одгледување на растенијата, а воедно ќе се развиваат и здрави навики за одржување на животната средина, како и дека консумирањето здрава храна позитивно влијае на имунитетот и нивното здравје.