Дали Скопје ќе добие трамвај?

Град Скопје ја заврши постапката за ангажирање консултант за избор на концесионер за изградба и користење на лесен шински (трамвајски) превоз.

Од седумте пристигнати понуди, согласно со Законот за јавни набавки, беше избрана најповолната заедничка понуда на унгарскиот Виалто Консалтинг од Будимпешта и на англиската компанија ЕЦ Харис Лтд.

Консултантите треба фазно да изработат и во првата фаза опфаќа изработка на студија за концесинирање на трамвајскиот превоз и целосна студија за трамвајски превоз во Скопје. Во втората фаза ќе работат на изработка на тендерската документација за концесионирање, ќе се ангажираат на деловна афирмација на проектот во меѓународни рамки, а во завршната фаза ќе се ангажираат и околу изборот на концесионер, изработката на договор за концесионирање, како и за неговото склучување.

ЕЦ Харис е една од водечките англиски консалтинг групации во областа на шинскиот превоз и досега имаат проектирано и реализирано многу меѓународни проекти. Виалто консалтинг е компанија којашто е доминантна на унгарскиот пазар за проектирање и изведба на шински линии.

Консултантите проектот за концесионирање лесен шински превоз во Скопје треба да го завршат една година по потпишувањето на договорот.

You May Also Like