Отворен новиот културно социјален простор „Центар-Јадро“

Вчера (среда, 7 октомври), пред просториите на КСП „Центар-Јадро” се одржа прес по повод отварањето на новиот културно социјален простор „Центар-Јадро”, како и презентација на моделот на цивилно-јавно партнерство.

КСП „Центар-Јадро” е јавна установа од областа на културата формирана по принципот на цивилно-јавно партнерство за потребите на заедницата. Таа негува инклузивна, демократска и прогресивна култура низ креирање програми, афирмација, едукација и развој на уметнички и социокултурни практики во соработка со поединци, формални и неформални групи.

КСП „Центар-Јадро” заеднички го основаа Општина Центар и „Јадро” – Асоцијација на независната културна сцена (платформа која обединува организации, поединци и неформални уметнички групи од целата држава). Ваквиот модел овозможува долгорочна одржливост, резултат на урамнотежениот однос помеѓу јавното финансирање и надзорот, од една, и независното програмирање и партиципативно носење на одлуките, од друга страна.

Искра Гешоска, првата претседателка на „Јадро- Асоцијација на независната културна сцена”, и членка наПрограмски совет на КСП „Центар-Јадро”; во своето обраќање истакна дека овој чин за нив и нашето општество е значајна приказна, бидејќи денес после 7 години, конечно се случува официјалното отворање на КСП Центар-Јадро.

Таа укажа на клучните мотиви за формирање на овој нов, пионерск,оддржлив, автономен и демократски модел на институција, кој конечно покажува дека соработката помеѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа може да биде проникнувачка и оперативна, а не само флоскула која ќе остане мртво слово на хартија, популистички акт кој има рок на траење како на еден билборд.Таа потенцираше дека ова е точката од која треба да појдеме во менувањето на културата во нашето општество, како нешто што е столб на еманципаторските, демократските, институционалните и општествени промени, а не само општествен декор.

„Со создавањето на КСП Центар-Јадро сакавме да покажеме дека се можни и други начини на дејствување и содружништво, како и органско поврзување. КСП „Центар-Јадро” е многу повеќе од простор, тоа е нов модел институција, на институционална мемориска актуелност кој ќе создава автономни самоорганизирани содржини.” – истакна Гешоска.

Теодор Целакоски,член на УО на Кооператива – Регионалната платформа занезависна култура,во своето линковско вклучување од Загреб, го изрази своето огромно задоволство за отварањето на центарот во чиј долготраен процес на формирање билактивно вклучен. Тој ја истакна вредноста на создавањето на ваквиот вид на институционални иновации и покрај макотрпните повеќегодишни процеси потребни за нивна реализација.

Тој направи паралела со нивниот пример во Загреб, каде што биле потребни 7 години од првичната идеја до финалната реализација на културниот центар „Погон”.

“Нашите културни и општествени системи често се ригидни во однос на ваквиот тип на институционални иновации.Иако навидум тие се маргинални во контекст на целокупното културно уредување, тие се предвеснициза можните трансформации во културата.На овој начин ние се спротиставуваме на приватизацијата и девастацијата на јавните добра и јавната инфраструктура и преку новите модели на управување со јавните инфраструктури ние се застапуваме за демократско и отворено делување во корист на заедницата.”

Јасмина Билаловиќ, директорката на „Центар-Јадро” во своето обраќање го објасни повеќегодишен процес на формирањето на центарот, притоа истакнувајќи ја несебичната подршка и заложба на културната заедница, локалните власти заедно со актуелниот и поранешниот градоначалник на Општина Центар како и бизнис секторот.

Билаловиќ истакна дека во соработка со коосновачот на институцијата „Јадро- Асоцијација на независната културна сцена”- ги дефинирале стратешките цели на установата, како што се зголемувањето на програмската разноликост и квалитет преку партнерства, копродукции, програмска соработка со различни субјекти од независната сцена и поширокиот граѓански сектор.

“Се залагаме за засилено јавно позиционирање и препознатливост на установата во однос на културната сцена и пошироката заедница, притоа овозможувајчи оваа установа да создава проекти, не само од областа на културата, туку и образованието, општествените и ххуманистички науки, како и проекти во соработка со локалната заедница.”

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ го изрази своето задоволство по повод отварањето на КСП „Центар-Јадро”, првата институција по моделот на цивилно јавно партнесрство во нашата држава, и втора во регионот по „Погон” од Загреб.

Јане Чаловски, претседател на „Јадро- Асоцијација на независната културна сцена”,восвоето линковско вклучување од Берлин го изрази огромно задоволство за отварањето на центарот, кој е заеднички влог на пошироката независна културна сцена и Општина Центар. Тој истакна дека ова е исклучително важен чин за независната културна сцена, која со години се стремела да направи нешто што е за заедничкото добро.

Простор каде што креативноста, критичката мисла и заедницата ќе бидат одсликани на најдобар можен начин и каде што заедничкото ќе го надмине партикуларното.

“Горди сме дека Општина Центар ја доби својата прва институција од областа на културата и за тоа што има огромна доверба во нашата соработка, како асоцијација и застапувачко тело на независната културна сцена. Особено се радувам дека овој модел е препознаен и наскоро ќе се преслика преку отварањето на новиот културен центар Подиум-Јадро, во Кавадарци.” – истакна Чалоски.

КСП „Центар-Јадро” овозможува бесплатно користење на просторот и ресурсите, за спроведување програми од областа на современата уметност и култура од страна на организации, поединци, неформални групи, како и поширокиот граѓански сектор со цел спроведување програми од интерес за заедницата.

Во просторот на „Центар-Јадро” се планираат различни јавни настани од сите дисциплини на современата култура и уметност: изложби, театарски и танцови претстави, концерти, предавања, јавни форуми, работилници и семинари. Покрај тоа, објектот редовно ќе се користи за производство, проби, уметнички резиденции, состаноци и слично.

Просторот е отворен за докажани имиња на локалната и меѓународната сцена, но и за млади уметници што допрва треба да се етаблираат.

Автори на фотографиите: Небојша Гелевски- Бане и Александар Јосифовски

You May Also Like