Канческа-Милевска во работна посета на Велес

Министерката Елизабета Канческа-Милевска утре (понеделник, 1.4.2013 година) е во работна посета на Велес каде во 10:00 часот ќе го посети споменикот на културата, Куќата на Касапови, седиште на сликарско-копаничарската колонија „Папрадишки мајстори“ каде ќе оствари срeдба со уметници и учесници на оваа колонија.

Во 10:30 часот министерката за култура во националната установа театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ќе го додели новиот дигитален кино проектор наменет за оваа институција, по што ќе ја посети и библиотеката „Гоце Делчев“ каде ќе се сретне со млади книжевни творци од Велес.

You May Also Like