Меѓународен награден уметнички конкурс

Здружението за едукација, уметност и култура АКАДЕМИЈА ЕУРОАРТ – Штип, Република Македонија распишува МЕЃУНАРОДЕН НАГРАДЕН УМЕТНИЧКИ КОНКУРС ВО ПОВЕЌЕ КАТЕГОРИИ.

1. Право на учество имаат сите заинтересирани, талентирани ученици, студенти и возрасни од земјава и од странство.

2. Кандидатите можат да аплицираат во една или повеќе категории истовремено.

3. Категориите се следниве:
– поетска творба со рима;
– поетска творба со слободен стих;
– есеј;
– расказ;
– видео со најдобар вокал;
– видео со најдобра инструментална изведба;
– цртеж;
– фотографија;
– колаж;
– презентација;
– кус научен труд.

4. Заедно со творбата, се доставуваат податоци со име и презиме, адреса на живеење, возраст и телефонски број. Творбите се доставуваат и во хартиена и во електронска верзија истовремено.

5. За сите учесници, темите во сите наведени категории се следниве:

а) ,,Заветот на св. Кирил и Методиј – мотив повеќе за да ги афирмираме азбуката, литературата, уметноста и културата”;

б) ,,Младите – достојни репрезенти на македонската уметност и култура во земјава и во светот”;

в) ,,Фолклорот – моја љубов, моја пасија”;

г) ,,ЕУРОАРТ АКАДЕМИЈА – мој дом, моја фамилија”;

д) ,,Спомени од годинава што изминува и очекувања од таа што доаѓа”;

ѓ) ,,Средновековната книжевност – темел за писмото, литературата и културата”;

е) ,,Старословенскиот јазик во корелација со современиот вокабулар”;

ж) ,,Класичната музика, интелектот и прстната техника”;

з) ,,Како се изразувам музички креативно?”

6. Предвидено е да се доделат по 3 (три) награди, во сите конкуренции:
а) до 6 години (се одобрува коавторство со родител),
б) до 9 години,
в) од 10 до 13 години,
г) од 14 до 16 години,
д) и над 17 години.

7. Трудовите може да бидат авторски или коавторски и можат да бидат создавани на било кој јазик.

8. Творбите се доставуваат до лицето Петар Стојанов на е-адресата: stojanovpetar392@gmail.com
Телефонски број за контакт: 071 451 503.

7. Конкурсот трае од 16.10.2018 до 16.11.2018 год.

8. Трудови пристигнати по дадениот рок, нема да се земат предвид.

9. Резултатите ќе бидат објавени во месец декември 2018 год. Наградите ќе бидат доделени во втората половина на декември 2018 год.

Во исчекување на вашите творби, однапред ви благодариме на креативноста, иницијативноста и вложениот труд!

Од
Конкурсната комисија

You May Also Like