Гитарски натпревар во Скопје

Градот Скопје и Детскиот културен центар-Карпош од денеска (24 мај) до 26 мај 2013 година ќе го организираат меѓународен фестивал за класична гитара „Тремоло – Гитар фест“.

 

По четврти пат во Скопје, Македонија, ќе се одржи и интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови.

Членови на жирито, кое ќе ги оценува насптапите, се светски прочуените гитаристи: Дарко Багески – Македонија, Џевдет Сахатџија-Хрватска, Дарко Карајиќ – Србија, Стела Динкова – Бугарија, Александар Крстановски – Македонија, Бошко Радојковиќ – Србија и Антонио Руменовиќ – Хрватска. За победниците се предвидени вредни награди, а за задоволство на скопската публика ќе се одржат и три концерти  во „Културно информативниот центар“ – КИЦ на 24, 25 и на  26 мај  во 20 часот.

Влезот е бесплатен.

24.05. Гитарско дуо од Копривница-Хрватска
Вања Посовец – Хрватска
Даниел Церовиќ  – Хрватска
Александар Андријевски – Македонија
( КИЦ – Салон 19`19 во 20 часот)

25.05. Зоран Антиќ – Србија
(КИЦ – 19`19 во 20 часот)

26 05. Гитарско дуо од Црна Гора
Горан Кривокапиќ
Даниел Церовиќ
(КИЦ – 19`19 во 20 часот)

You May Also Like