Утре (недела, 20 јануари) по повод празникот Свети Јован, во Домот на културата во населба Илинден ќе се оджи хуманитарна манифестација „Етно- вешта жена“.
На манифестацијата ќе учествуваат 50 жени од 12 населени места од општина Илинден кои ќе подготват македонски традиционални јадења и ќе ги презентираат пред гостите кои ќе можат да ги купат.
Манифестацијата има хуманитарен карактер, а собраните пари ќе бидат наменети за хуманитарни цели во општината.
Настанот ќе има и натпреварувачки карактер, па за трите најдобро подготвени јадења предвидени се и пригодни награди. Покрај вештите жени од општината, со свои традиционални јадења ќе се претстават и стопанските субјекти од општината и вешти жени од Град Скопје.
Во музичкиот дел ќе настапат ансамблот за народни песни и ора „Илинден 72“. Се предвидува манифестацијата да прерасне во традиционална.