Горан Калоѓера е почесен конзул на Македонија во Хрватска и раководител на Катедрата за македонски јазик при Универзитетот во Риека, во Велес допатува да го добие највисокото општинско признание на градот, наградата „9 Ноември“.
Во Велес беше промовирана најновата книга на академик Горан Калоѓера „Македонскиот 19 век“.
Тој е најзначајното македонистичко име од областа на литературата надвор од земјава, автор на 30 дела, од кои половината се поврзани со Македонија.
Во оваа книга низ четири поглавја Калоѓера ја проучува културата и литературата во 19 век во Македонија.