„Стокер“ и македонска стенд ап вечер во Синеплекс

Почнувајќи од денеска (четврток, 11 април) љубителите на мистериозните приказни ќе можат да го погледнат филмот „Стокер“ во киното Cineplexx.

Станува збор за мрачното и мистериозно семејство Стокер во кое секој член крие по некоја тајна. Во овој психолошки трилер главните улогите ги толкуваат Никол Кидман, Миа Васиковска, Дермот Мулруни и Метју Гуди. Индиа Стокер е тивка, повлечена тинејџерка чиј татко умира под сомнителни околности на нејзиниот 18 роденден. На закопот, таа го запознава неговиот брат Чарли, за кој не знаела дека постои. Чичкото Чарли одлучува да се всели во куќата на Стокерови, и да живее со неа и нејзината нестабилна мајка. Индиа почнува да се сомнева дека овој шармантен, мистериозен човек има скриени мотиви и почнува да се опседнува со него.

На 17 април со почеток во 20.00ч, во киното Cineplexx следува комичниот настап на незаменливиот Игор Џамбазов и младиот комичар Марјан Георгиевски, заедно со водителот Жарко Димитриоски. Единствена, урнебесна, неповторлива „Стенд Ап Kомедија“ која на публиката ќе и пружи час ипол незаборавно смеење. На овој настан организиран од страна на Skopje City Mall ќе имаат можност тројца млади и надежни комичари да го претстават својот досега неоткриен талент.

Тие ќе бидат избрани од страна на стручно жири, врз основа на претходно подготвениот краток видео материјал.

РАСПОРЕД НА КИНО ПРОЕКЦИИ:

Стокер
работни денови: 18:30, 20:30, 23:00
викенд: 18:30, 20:30, 23:00

Џек, убиецот на џинови
работни денови: 16:00, 18:20, 20:45
викенд: 11:20, 13:40, 16:00, 18:20

Џи Ај Џо 2
пон, вто, чет, пет: 16:40, 19:00, 21:20
среда: 16:40, 20:00, 22:10
викенд: 12:00, 14:20, 16:40, 19:00, 21:20

Во себе
работни денови: 21:30
викенд: 21:30

Падот на Олимп
работни денови: 19:50, 22:20
викенд: 19:50, 22:20

Мафијаши од стар ков
работни денови: 20:30
викенд: 20:30

Гангстерски одред
пон, вто, чет, пет: 22:10
викенд: 22:10

Хичкок
работни денови: 22:40
викенд: 22:40

Уништен град
пон, вто, чет, пет: 20:00
викенд: 20:00

Убав ден да се умре машки
работни денови: 20:30
викенд: 20:30

Ивица и Марица: Ловци на вештерки 3D
работни денови: 23:10
викенд: 23:10

Хобит: Неочекувано патување
викенд: 13:10

Животот на Пи 3D
работни денови: 18:00
викенд: 18:00

Хаос во куќата – Старците доаѓаат
работни денови: 18:20
викенд: 14:15, 18:20

Џанго Разузданиот
работни денови: 16:30
викенд: 16:30

Паркер
работни денови: 22:30
викенд: 22:30

АНИМИРАНИ ФИЛМОВИ

Чудовишта 3D
работни денови: 16:00, 16:40, 18:00
викенд: 12:00, 14:00, 16:00, 16:40, 18:00

Крудс 3D
работни денови: 15:30, 17:30, 19:30
викенд: 11:30, 13:30, 15:30, 17:30, 19:30

Царството на волшебникот од Оз 3D
работни денови: 16:15, 19:00, 21:40
викенд: 11:10, 13:40, 16:15, 19:00, 21:40

Моето најмило чудовиште 3D
работни денови: 16:15
викенд: 12:15, 16:15

Барајќи го Немо 3D
работни денови: 15:45
викенд: 11:10, 13:40, 15:45

Ѕвонче и тајната на крилјата 3D
викенд: 11:30

Растури ги Ралф 3D
викенд: 11:20, 14:15

*Киното ги задржува правата за промена на програмата

You May Also Like