Промоција на книга од Снежана Петрова Џамбазова

Денеска (12 декември, среда) во 11:00 часот, во просториите на Кинотеката на Македонија, Издавачката куќа Маска организира промоција на книгата поезија „Постела за сонот“ од писателката Снежана Петрова-Џамбазова.

За книгата Владимир Мартиновски ќе запише: Во песните од оваа книга сонот честопати е персонифициран и отелотворен. Така, како една од највпечатливите љубовни песни во стихозбирката, песната „Постела за сонот“, е тематизирана креативната т.е. космогониската димензија на сонот. Сонот е извориште на песната. Во тој дух, во антологиската песна „Мојата соба“, „својот“ интимен простор („сопствената соба“ според вокабуларот на Вирџинија Вулф) е просторот што лебди меѓу сонот и јавата. Сонот е еден вид барометар за душевните состојби на лирскиот субјект: во песната „Обична ноќ“ несоницата е доловена преку сугестивна поетска слика (Лепливите прсти на совеста ми го украдоа сонот / го гледав додека ноншалатно се оддалечуваше).

You May Also Like