Општина Гази Баба в сабота (19 јануари, 2013) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда, ја организира традиционалната манифестација Пивтијада.
Пивтијадата и оваа година има продажен, натпреварувачки и хуманитарен карактер. Средствата собрани од продажбата на пивтиите ќе бидат наменети за Детската клиника.
Во организацијата покрај општината учествуваат и организацијата на жени Гази Баба и сите урбани и месни заедници, како и угостителските објекти од подрачјето на општината.
Пивтијадата ќе ја отвори градоначалникот Тони Трајковски, а во уметничкиот дел ќе настапуваат македонски естрадни уметници.
