Вечер (среда, 18 јули) во 20:30 часот на плоштадот во Автокоманда, ќе започне целовечерен концерт на тенорското трио Дарко Нешовски од Македонија, Стефан Петков и Красимир Даманов од Бугарија.
По двонеделна успешна турнеја низ балканските земји, граѓаните од општина Гази Баба ќе имаат можност да слушнат прекрасни изведби на познати арии и обработени евергрини.
Концертот на тенорите е во рамките на Културното лето Гази Баба.