Скопје од утре со унифицирани куќички за сувенири

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (среда 07.03.2012 година) во 11:00 часот ќе промовира четири куќички од проектот на Министерството за култура за изработка, поставување и ставање во функција на 20 унифицирани монтажни објекти наменети за продажба на сувенири и друг вид културно-туристички промотивен материјал.

Куќичките што утре ќе се промовираат, лоцирани се на улица „Македонија“, плоштадот „Македонија“, на влезот од Старата скопска чаршија и кај хотелот „Холидеј ин“. Предвидени се изјави за медиумите во 11:00 часот пред Спомен-домот на Мајка Тереза, на улицата Македонија.

You May Also Like