Републички натпревар „Млади библиотекари“

На овој натпревар учествуваа 55 ученици од 23 општински основни училишта од Скопје. Најдобрите тројца ученици според освоените бодови, меѓу кои и ученичката Ева Стојановска, се стекнаа со право на учество на Републичкиот натпревар.

Ученичката Ева Стојановска од ОУ „Лазо Ангеловски“ учествуваше на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ што неодамна се одржа во локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес.

Претходно, осмооделенката Ева Стојановска, под менторство на библиотекарот Благица Ангеловска, го освои второто место на XV Општински натпревар „Млади библиотекари“ што го организираше Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Инаку, Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ го организира Библиотекарското друштво на Македонија и целта на натпреварот е поттикнување на читањето кај младата популација и развивање на навиките за користење на библиотеките како културно–образовни и информативни институции.

You May Also Like