Германецот Петар Рау почесен член на МНД-Битола

На свечената седница на Управниот одбор на Македонското научно друштво-МНД Битола, беше  донесена одлука со која професор д-р Петер Рау од Германија е избран за почесен член на Друштвото.

Д-р Петер Рау во моментов живее во Скопје и е редовен визитинг професор по германска книжевност на катедарата за германски јазик и германско јазична книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје, а неодамна беше промовиран и за почесен професор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.

Професорот Рау е десеттиот почесен член на МНД-Битола со што се создаваат можности за соработка меѓу македонската и германската наука во сферата на книжевноста.

You May Also Like