Промоција на монографијата „Македонија – туристички бисер“

Денеска (8.5.2013 година) во 11:00 часот во „Порта Македонија“ ќе биде промовирана илустрираната монографија за туристичките потенцијали и културно-историските знаменитости на Република Македонија „Македонија – туристички бисер“.

На промоцијата ќе се обрати и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Издавањето на монографијата е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за 2013.

You May Also Like