Промовиран „Извештајот во сенка за антидискриминацијата“

Во рамките на конференцијата “Размена на најдобри ЕУ практики за имплементација на законодавството од областа на антидискриминацијата” која се одржува на 7 и 8 Ноември во хотелот Контитентал во Скопје беше промовиран „Извештајот во сенка за антидискриминација“.

Извештајот во сенка за антидискриминација заклулучува дека донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација има позитивно влијание но недостасува негова промоција на локално ниво како и зајакнување на заштитата која им се нуди на жртвите.

Магистер Тамара Димитријевска, експерт за човекови права во Центарот за истражување и креирање политики на конференцијата изјави: „Постои недостаток од знаења за спречување и заштита од дискриминацијата кај локалната самоуправа. Ова мора сериозно да биде земено во предвид во комуникациската стратегија на владата и на граѓанското општество кое се занимава со прашања од оваа област. Потребни се промотивни кампањи, кампањи за подигнување на свеста но и унапредување на капацитетите на Комисијата за заштита од дискриминација со цел гарантирање на правната заштита и зголемување на ефективноста на нејзиното работење“.

Извештајот е конструктивно критички настроен во идентификување на проблематични области во имплеметацијата на закононодавството од областа на антидискриминација и дава практични препораки за унапредување на админстративните стручни капацитети на јавните инстутуции, граѓанското општество и приватниот сектор.

You May Also Like