Пет нови тезги за сувенири и храна во центарот на Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска (петок, 6 јули) ги промовираше новите тезги за продажба на сувенири и прехранбени производи што се поставени на 5 локации во строгиот центар на градот.

Тезгите се поставени  пред Сити галери, пред ресторанот „Пелистер“, пред кафулето „Тренд“, кај спомен-плочата на Мајка Тереза и на улицата Македонија, пред Домот на АРМ.

Новите тезги се монтажни, на 4 тркала. Изработени се од пластика, со магацински дел-сандак (под тезгата) на којшто се монтирани вратички бојадисани со прашкасто златна боја. Декоративните плочи на тезгите се изработени од поцинкувана челична лимарина, со изрежана декорација на надворешната страна на магацинскиот дел од тезгата и обрабени во метални рамки кои што го носат покривот.

Целта е тезгите да бидат унифицирани и препознатливи за што градот потроши околу 1,4 милиони денари.

You May Also Like