Вчеравечер во Културниот центар „Ку-Ла“ беше отворена групната изложба „Зелен клик“.
На овој настан им беа доделени награди на најуспешните автори од повикот „Лице в лице со животната средина“, а присутните имаа можност да видат 15-ина дела (фотографии, постери, илустрации и накит од електронски отпад) од познати уметници од нашава земја, чија цел е подигнување на свесноста за заштитата на животната средина.
На тема – екологија, посветено е и најновото издание на активистичкот магазин „Лице в лице“, кое, исто така, беше промовирано вчеравечер.