Деновиве Општина Центар заврши со реконструкцијата на „Паркот на новинарите“, што се наоѓа спроти зграда на „Нова Македонија“.
Во паркот комплетно се обновени и бојадисани сите 30 клупи, 27 корпи за отпад, бојадисани се 23 канделабри и електрични ормари, како и заштитната метална ограда во должина од 30 метри. Исто така, се бојадисаа и две големи садни жардинерии.
Реконструирана е старата чешма, а фасадно се бојадиса и исчисти спомен плочата на чешмата, на чие место се наоѓала Железничката сатница – Горно Скопје или позната како Мала станица.
Патеките во близина на чешмата на површина од 5 метри квадратни, во целост се прередени со бехатон плочки.