Концерт на пијано и флејта на Скопско лето

Вечер (четврток, 26 јули) во 22:00 часот во Музејот на град Скопјe концерт ќе одржат хрватските музичарки Томислава Лојлиќ на пијано и Барбара Микулиќ на флејта. На програмата се дела од Бах, Андерсон, Лист и други.

Томислава Лојиќ е студент на четврта година на одделот за пијано на Музичката академија во Сплит, во класата на проф. Весна Подруг – Косјаненко. Добитник e на повеќе награди и признанија на регионални и државни натпревари во Хрватска како солист и во пијано дуо. Одржала соло рецитали во својата земја и надвор од неа. Посетувала мајсторски курсеви кај истакнати педагози (Д. Станети, А. Милиќ). Таа е стипендијант на Владата на Република Хрватска. Минатата година, Томислава започна да се занимава и со педагошка работа, како наставник по пијано во музичкото училиште „Вела Лука“ во Корчула.

Барбара Микулиќ  е студент на четврта година на одделот за флејта на Музичката академија во Сплит, во класата на проф. Ана Доманчиќ. Од 2010 година е наставник по флејта во музичките училишта во Макарска и Сиња. Добитник е на повеќе регионални, државни и меѓународни награди, како солист, но и како член на камерни состави. Посетувала мајсторски курсеви по флејта и пиколо кај H. Schmeiser, G. Hovos, G. Gianni, M. Debeljak, R. Penezic и други. Одржала солистички концерти во земјата и странство. Во 2007 година ја снима музиката за документарниот филм за Марија Јуриќ Загорка. Од 2009 година е член на оркестарот на Музичката младина на Хрватска.

You May Also Like