„Поетската ноќ во Велестово“ посветена на Раде Силјан

На 17 и 18 август во живопсиното охридско село Велестово ќе се одржи 24-то издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“. Првата вечер ќе биде посветена на творечкиот опус на поетот Раде Силјан,  а ќе биде отворена и  изложба на академскиот сликар Васко Ташковски.

На Интернационалната вечер ќе се претстават поети од Бугарија, Албанија и од Босна и Херцеговина.Три млади поетеси од БиХ, покрај своите поетски творби пред публиката ќе имаат и одреден музички перформанс. Дваесет репрезентативни дела на Ташковски ќе бидат изложени на две локации, во црквата и во Домот на културата во Велестово.

На Поетската ноќ во Велестово досега биле претставени најголемите македонски поети, како Гане Тодоровски, Јован Котески, Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Матеја Матевски, Ефтим Клетников, Михаил Ренџов, Радован Павловски, а биле поставени ликовни изложби на реномирани македонски автори, меѓу кои Коле Манев, Сергеј Андреевски, Боро Митриќески, Мирослав Масин.

You May Also Like