Вечер (недела, 29 јули) во 20:30 часот во амфитеатарот пред спомен-куќата на Мајка Тереза концерт ќе одржи ансамблот „Лефкоса“ од Северен Кипар. Нивното гостување е во рамките на Скопско лето 2012.
Ансамблот “Лефкоса” од Северен Кипар е формиран на 3 февруари 1997 година, со цел да ja задржи традицијата на турско – кипарскиот фолклор и да помогне во интернационалните врски од областа на фолклорот и да ги издигне вредностите на турско-кипарскиот начин на живеење.
До оваа идеја дошле група волонтери, кои го изучувале фолклорот долги години и изведувале фоклорни танци. Деца, младинци но и постари, кој ја сакале уметноста на фолклорното танцување, се обиделе да воспостават мост помеѓу минатото и иднината.
Ансамблот “Лефкоса” го претставуваше Северен Кипар на 4-та Светска Фолкотијада во Унгарија(2004) и има учествувано на 30-тина Интернационални фолклорни фестивали низ светот.