Откриена 25 века стара некропола во струшко Ташмаруништа

Природнонаучниот музеј „Д-р Никола Незлобински“ од Струга работи интензивно изминатите два месеца  на археолошкиот локалитет во село Ташмаруништа.

Според директорот на Музејот Сашо Цветковски, истражувањата покажале дека се работи за некропола која датира од VII, односно VI век пред нашата ера, која е распространета на местата на сегашните приватни имоти.

– Оваа година ја завршивме целината на некрополата. Тоа е голема некропола која со тек на времето се декомпозирала, во смисла на тоа што луѓето ги изнесувале камењата, зошто се работи за приватни дворови, односно парцели и незнаејќи ги ваделе и ги фрлале. Сега, факт е целината, а пред се обемот и периметарот останаа проблематични. Првичните податоци од истражувањата, ги потврдуваат претпоставките на археолошкото одделение на Струшкиот музеј дека овој локалитет континуирано опстојувал речиси дваесет и пет века. Наодите потврдуваат еден континуитет од седмиот век. Тоа се многу реалистични и убави наоди кои говорат дека тука се опстојувало повеќе векови.

Тој додаде дека жители на селото Ташмаруништа пројавиле голем интерес за анимација на овој интересен археолошки локалитет.

You May Also Like