Белиот лав Чака пристигна во скопската Зоолошка

Белиот лав Чака од Франција пристигна во Зоолошката градина во Скопје. Тој ќе и се придружи на лавицата Бела, која пристигна пред неколку денови од Ходенхаген, Германија.

Бела и Чака ќе живеат заедно во пространо живеалиште, адаптирано според нивните потреби.

Во моментов во светот има околу 300 бели лавови, а најраспространети се во југозападниот дел на Јужна Африка во природниот резерват Санбона.

Белите лавови се едни од најретките видови на светот и, за жал, се пред истребување во природата.

You May Also Like