Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска (четврток, 21 март, 2013 година) во 11:00 часот, во Прилеп, заедно со градоначалникот Марјан Ристески ќе ја посетат реконструираната Саат кула во овој град и ќе дадат изјави за медиумите.
Канческа-Милевска и Ристески во 11,45 часот ќе го промовираат и проектот за реконструкција на киното во Прилеп, а министерката за култура ќе го предаде новиот дигитален проектор како дел од проектот за набавка на проектори за Центрите за култура низ Република Македонија.