Денеска (четврток, 7 февруари) во 19:30 часот во Културно-информативниот центар Спона во Скопје (ТЦ Палома Бјанка, 2 спрат) ќе биде одржана работилница со анализа на влијанието на медиумите од матицата Србија на целокупната информативна понуда во Македонија.
Посебен осврт ќе се даде на влијанието на печатот, чии изданија се дистрибуираат во Македонија, како еден од најстарите весници на Балканот Политика.
За целокупната информативна понуда на српски јазик, како преку печатени така и интернет изданија на медиумите од Србија, во областа на компаративната вредност и влијание на задоволување на потребите на читателите во Македонија, своите мислења, ставови, искуства и сознанија на работилницата ќе ги изнесат новинари,читатели, професори по српски јазик, студенти.