Утре (четврток, 14 јуни 2012 година) во ЕУ Инфо центарот во Скопје, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи Информативен ден и работилница посветени на програмата „Култура 2007–2013” на Европската унија. Настанот го организира одделението „Културно контактна точка“ (ККТ) при Министерството за култура на Република Македонија во соработка со ККТ на Република Чешка и Литванија.
Истовремено ќе биде претставено чешкото и литванското искуство со програмата „Култура 2007-2013 на ЕУ”, европските награди/фондови од областа на културното наследство (Европа ностра и Европската награда за културно наследство), како и целите, критериумите и електронскиот формулар за аплицирање на програмата (Дел 1.2.1 Проекти за соработка). Во рамки на втората сесија ќе се одржи работилница за подготовка на предлог проект.
Претставниците на ККТ од Република Чешка, Литванија и Македонија во соработка со Н.У. „Охридско лето“ на 15 јуни 2012 година (петок), со почеток во 14:00 часот ќе одржат и Информативна сесија за програмата „Култура 2007- 2013” во прес салата на Охридско лето во Охрид.