Избрани добитниците на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин“

Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин“,  на седницата одржана на 7.12.2010 година донесе Одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ во 2011 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија.

1. За остварување во областа на публицистиката, државната награда и се доделува на:

– Тина Иванова-Бејков, публицист.

2. За остварување во областа на новинарството, државната награда ја делат:

– Драган Антоновски и Предраг Димитровски, новинари.

3. Оваа Одлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во “Службен весник на Република Македонија”.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 21 декември 2011 година (среда) со почеток во 14:00 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.

Претседател на Одборот за доделување на државната награда “Мито Хаџи Василев-Јасмин”,

проф. д-р Веле Смилевски

You May Also Like