„Запознај го точакот“ во Парк

„Ви се случило ли некогаш да ви се дупне гума, а сервисите за велосипеди се или затворени или далеку? Со вакви или слични дефекти се среќаваме кога најмалку очекуваме“ – Ова е дел од објаснувањето за настанот „Запознај го точакот“ што се одржува денеска (недела, 14 април) од 11-14 часот во Градскиот парк. Организатор е „На точак“.

Во инфото за настанот стои:

„Затоа одлучивме да направиме настан на кој сите ќе можат да го споделат своето знаење за поправка на нашите омилени превозни средства. Исто така, сите кои имаат потреба од поправка на барем еден од следните проблеми:
– дупната гума
– нештелувани кочници
– неподмачкан ланец
ќе може да добијат волонтерска помош.

Мислиш дека знаеш како да го одржуваш својот точак? – Дојди, бидејќи твоето знаење некому ќе му биде од голема полза.

Мислиш дека знаеш да направиш само некои поправки? – Дојди, за да научиш повеќе и своето знаење да го пренесеш на други

Мислиш дека не те бива за сам(а) да го поправиш точакот? – Дојди, за да видиш дека и сам(а) ќе ја залепиш гумата за помалку од 30 минути.

Имаш некој од горните проблеми со точакот? – Дојди, ќе има некој што ќе знае да ги ги поправи.

Убаво време во недела на пладне? – Дојди на точак во парк за да се подружиме!“

You May Also Like