Европски клупски куп во куглање 2011 во Скопје

Вечер, (вторник, 04.10.2011 година), во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, со почеток во 19:00 часот, свечено ќе биде отворен 10-от јубилеен НБЦ Европски клупски куп во куглање 2011 година.

Во натпреварите во куглање, ќе учествуваат околу 500 натпреварувачи од 31 клуб, речиси од сите европски држави, што говори за фактот дека ова е едно од најмасовните натпреварувања што се одржуваат во нашава земја.

Екипите во машка и женска конкуренција доаѓаат од 10 држави од Европа и тоа: Австрија, Франција, Хрватска, Унгарија, Германија, Полска, Словенија, Србија и Македонија. Меѓу 19 машки и 12 женски екипи, на овој Европски куп, од македонските клубови ќе настапат „ГТЦ-Скопје“ и „Работнички“.

Покровител на оваа спортска Манифестација што ќе трае до 8 октомври (сабота) е Градот Скопје, организатор Кугларската федерација на Македонија, а Европскиот клубски куп во куглање за отворен ќе го прогласи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

You May Also Like