На денешен ден: Роден е Христо Андонов-Полјански

Не денешен ден (21 септември, 1927 година) во Дојран е роден Христо Андонов-Полјански, македонски историчар, и Ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.

То беше долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ. Автор е на 463 библиографски единици, од кои 36 се книги.

Од неговите трудови посебно се издвојуваат шесте томови за Гоце Делчев. „Британската библиографија за Македонија“, „Странскиот печат за Илинденското востание“, „Британски документи за историјата на македонскиот народ“ и други.

Умре во Скопје, на 7 октомври 1985 година.

You May Also Like