Деновиве, на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје беа донирани 5 675 книги на турски јазик. Донацијата е резултат на соработката со Министерството за култура и туризам на Турција и Националната библиотека на Турција во Анкара, Библиотеката во националното собрание на Турција, согласно со Спогодбата за културна соработка на двете земји.
Книгите се од областа на белетристиката, детската литература, стручна литература, едукативни материјали, монографии, што ќе придонесат за развојот на мултикултурализмот во нашиот град и државата, како и реализирање на можноста за отворање турско катче во Библиотеката.
Во знак на благодарност за големата донација на книги, на председателот на Националната библиотека на Турција во Анкара, господинот Тунџер Аџар, му беше доделена и плакета. Господинот Аџар, во периодот од 23-25 ноември, ќе биде почесен гостин на Библиотеката и градот Скопје, на покана на директорот на Библиотеката, Бранко Цветкоски.
Во рамки на овие активности, ќе биде промовирана и соработката со турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Скопје, со чие посредство е остварена соработката со Библиотеката во националното собрание на Турција, во Анкара и Националната библиотека на Турција, во Анкара.