Градоначалникот Трајановски оствари средба со невладиниот сектор

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски вчера (понеделник, 24 декември) во НВО-Центарот сместен во просториите на Младинскиот културен центар – Скопје, оствари работна средба со претставници на поголем број Здруженија на граѓани и Фондации.

– Градот Скопје посветува големо внимение на соработката со здруженијата на граѓани и фондациите и јас сум задоволен од нашата досегашна соработка, пред се во сферите на образованието, екологијата и животната средина, социјалната заштита и др. Отворањето на овој НВО-Центар е токму во насока на продлабочување на нашата соработка, каде што овие простории и опрема стојат бесплатно на располагање за користење на здруженијата – изјави Трајановски.

На средбата претставниците на здруженија на градоначалникот Трајановски му дадоа предлози и проекти кои може да се реализираат во наредниот период, сугестии за подобро функционирање на  НВО-Центарот, како и за продобрување на соработката помеѓу НВО секторот и градската администрација.

You May Also Like