Битола прогласена за идна топ туристичка дестинација

Британскиот портал Skyscanner.net кој помага во наоѓањето најевтини летови низ светот, ја смести Битола на трето место како еден од седумте европски градови кои во скоро време се очекува да станат големи и  важни туристички атракции.

„Ако во времето на Отоманската империја се издавале туристички водичи, Битола ќе била опишана како шопинг рај. На половина пат меѓу Виена и Истанбул, овој град тогаш можел да се пофали со 7 пазари и 2000 продавници,  за жал денес овој град во Македонија привлекува многу малку туристи. Со одлична локација помеѓу планини, а ориентот споен со источниот тип на европска архитектура и атмосфера, не е ни чудо што за Битола се напишани преку 500 песни. Нејзиното време повторно доаѓа”, наведуваат на сајтот.

Останатите 6 градови кои му прават друштво на Градот на конзулите се:

1. Чешки Крумлов, Чешка
2. Бидгошч, Полска
3. (секако Битола, Македонија)
4. Клермон-Феранд, Франција
5. Калининград, Русија
6. Гимараеш, Португалија
7. Припјат, Украина

You May Also Like