Михаилова-Бошнакоска со награда за поезија „Златно летечко перо“ во Варна

На 6-тиот Фестивал на поезијата и уметноста „Словенска прегратка“ кој од 21-26 мај се одржа во Варна (Бугарија) главна поетска звезда беше македонската поетеса Гордана Михаилова-Бошнакоска.

Во програмата “13 звезди”,меѓу 13 најголеми поетеси од словенскиот литературен корпус (А.Ахматова, М.Цветаева, Д.Максимовиќ, В.Парун) со свои стихови објавени на македонски јазик, беше претставена и нашата поетеса Гордана Михаилова-Бошнакоска.

Македонска поетеса е носител и на најголемото годинешно признание за литература на фестивалот „Словенска прегратка“ – Златно летечко перо, кое се доделува за исклучителен допринос во литературата, во конкуренција на поети од 17 земји.

You May Also Like