
Проектот “Homo Urbanus Europeanus” е проект кој се однесува на европското “урбано битие”. Од 16 февруари, па се до 16 март можете да го погледнете во холот на Шопинг центарот Рамстор.
Секоја слика вклучена во проектот, преку прецизноста на нејзиното осмислување и свежината на нејзиниот стил звучи како воспевање на величенствениот граѓанин. И навистина, секое лице кое што чекори, застанува и се провлекува низ градот, честопати осамено, но не помалку гордо и одлучно не е неразумно.
Иако примарно станува збор за уметничко дело, проектот “Homo Urbanus Europeanus” не ја крие својата политичка димензија. Напротив, тој содржи 31 серија, претставувајќи 31 eвропски главен град, сите фотографирани во истиот стил, одмерени и без културна и социјална видливост, со што ја потенцира сличноста меѓу разликите, “европејството” меѓу разнообразноста.
Проектот “Homo Urbanus Europeanus” е навистина една уметничка алатка за обединување на европските земји и на оние кои веќе се дел од Европската унија, и на оние кои тоа сеуште не се.
________________________________________
Жан-Марк Карачи
Жан-Марк Карачи е самоук француски фотограф (инаку по потекло од Сицилија) чија што работа отсекогаш била фокусирана на човекот, и тоа како претставник на припадноста, ретко како социјален објект. Оваа константност во неговото истражување е веројатно негов начин да се идентификува себеси, можеби и начин да се спореди себеси, но во секој случај е начин на размислување за неговите квалитети како човечко суштество.
Неговиот стил е јасно инспириран од фотографите како Анри Картие Бресон, Елиот Ервит и Рејмонд Депардон, но исто така, како што и тој самиот истакнува, и од американскиот сликар Едвард Хопер.
Изложбата “Homo Urbanus Europeanus” е организирана од Делегацијата на Европската Унија и ЕУ инфо центарот.